06 Мај, 2024
0.0236

Повеќе нема министри за странски инвестиции во Владата: Апостолка, Џемаили, Хасан и Даути лани доделиле 22 милиони евра

Објавено во: Економија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Зорица Апостолска доделила најмногу пари за исплата на државна помош на странските компании во 2019 од сите преостанати министри без ресор за привлекување на странски инвестиции и за подобрување на деловната клима во Македонија, меѓу кои во претходниот владин состав беа уште и Елвин Хасан, Хисен Џемаили и Бардуљ Даути.

Во новата Влада овие министерски позиции се укинати и овие четири имиња, иако на инвеститорите лани им исплатиле околу 22 милиони евра, повеќе ги нема на „Илинденска“ а за странските инвестиции, како што стојат работите, ќе води сметка единствено вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со неговиот кабинет.

Апостолска потпишала исплата на вкупно 11.694.495 евра, од кои на КРОМБЕРТ & ШУБЕРТ му „простила“ 7.402.960 евра за ослободување од персонален данок на доход и 50 отсто ослободување од вкупниот износ на сите надоместоци и 1.847.030 еур за готовински грантови за инвестициски трошоци, на ВИК Македонија му доделила 1.127.495 евра за машини и опрема и помош за инвестиции, на Кранфилд Фаундри 1.007.851 евра за работни места и инвестиции, како и на Телемон 309.159 евра за исплата на персонален данок на доход, готовински грант и дополнителна помош за инвестиции.

Хисен Џемаили доделил 2.198.255 евра, од кои за Дрекселмајер 1.666.800 евра за персонален данок на доход и платите на вработените, како и 501.599 евра за корпоративен данок на добивка, а на Лутекс од Велес 6.924 евра за рефундирање на средства и 22.931 евра за грант на ново полновремени работни позиции. Елвин Хасан одобрил исплата на 1.670.192 евра исплата за Маркарт и КОНДЕВО. Бардуљ Даути работел само со ЕНДАВА, на која и биле исплатени 113.853 евра како грант за создавање нови полновремени работни позиции.

Државната помош аминувана од Апостолска вреди повеќе од таа на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, од каде што се исплатени 6.521.311 евра за Гентерм, Џојсон Сејфти Систем, Техникал Текстил, Џонсон Мети, Макдиа ОДВ- Електрик, Аптив Сервисес, Хај Тек, Адиент Аутомотиве, Ван Хол, Џагатај, Дура Аутомотиве, Баумер, Костал, Витек, Мурат Виринг Системс, Гересхајмер, Адиент и Глас Флекс.

Државна помош директно исплатил и Генералниот Секретаријат на Владата на сметката на Леар во износ од 420.766 евра за создавање на нови работни позиции и може да се каже дека ефектот е подобар од тој на Даути.

Четворицата министри без ресор доделувале државна помош на домашните и странските инвеститори и согласно законот за финансиска поддршка на инвестициите. Преку истиот, парично се стимулираат десетици претпријатија кои имаат потврдени планови за реинвестирање.

Тука Апостолска одобрила 2.781.104 евра, пред Џемаили со 1.938.335, Хасан со 1.119.303 и Даути со 925.487 евра. Многу поголема сума е префрлена кај компаниите директно од страна на Генералниот секретаријат на Владата и заедничкиот износ со оној на четворицата поранешни министри е 22.861.790 евра.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот