28 Април, 2024
0.0364

Повеќе од 6.000 стечајци аплицирале за добивање на месечен надоместок до пензионирање

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Досега над 6.000 стечајни работници аплицирале за добивање на месечен паричен надоместок до пензионирање.

Како што се очекуваше, најголем број од апликантите се од Куманово. Иако од Здружението на стечајни работници УНИТ се надеваа дека ќе има околу 2.000 апликации, сепак бројката засега е три пати поголема од очекуваното. Аплицирањето започна пред десетина дена.

„Во врска со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државатa, досега се поднесени вкупно 6.233 барања од невработените лица, од кои најголем број се од Куманово“, велат од Агенцијата за вработување.

Стечајните работници кои ги исполнуваат условите ќе добиваат по 8.000 денари до пензија.

„Со најновиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата  со доминантна сопственост на државата, пропишани се поповолни решенија со цел да се опфати поголем број на лица. Имено  во истиот, освен вклучувањето на претпријатијата коишто имаат променет матичен број по приватизацијата, но коишто произлегле од претпријатие со доминантна сопственост на државата, во претпријатија кадешто е потребно да работело невработеното лице, се изврши и проширување на временскиот период во кој престанал работниот однос поради технолошки вишок, ликвидација или стечај при што периодот на опфат, наместо од 1 јануари 1995 година до 31 декември 2018 година, сега е од 1 јануари  1993 до 30 јуни 2019 година. Дополнително, се смета дека со новиот закон ќе се опфатат и оние невработени лица коишто не го исполнувале само условот за возраст, односно кои  со поднесувањето на барањето по овој закон ќе имаат со  52 години (жена), односно 55 години ( маж)“, велат од МТСП.

Собранието на предлог на Министерството за труд и социјална политика неодамна ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост. 

Со последните измени опфатот се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши Владата е 12.000.

Стечајните работници години и години протестираа во Скопје и во другите градови со барање да им се реши статусот, односно да не бидат оставени без денар до пензионирање. Тие протестираа пред институции, но и пред домовите на пратениците со цел да издејствуваат да им се помогне.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце