08 Мај, 2024
0.0352

ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ И ПОВЕЌЕ ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА - за среќа, имаме помалку починати

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 31 август до 6 септември говори дека биле во тој период тестирани вкупно 9.734 материјали во лабораториите за тестирање на коронавирус, што е за 2,1 отсто помалку во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=221; 28,0 отсто). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.  

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8,1 отсто, што претставува зголемување од 1,4 отсто во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39 и над 60 години со 174 (22,0 отсто) и 172 (21,8 отсто) позитивни, соодветно. 

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (n=134; 17,0 отсто), 50-59 (n=129; 16,3 отсто) и 20-29 (n=118; 14,9 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=22;2,8 проценти) и 10-19 години (n=40; 5,1 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=756; 95,7 отсто), регистрирани се 132 (16,7 отсто) хоспитализирани (зголемување од 85,9 отсто во споредба со минатата недела), а кај 219 (29 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3 отсто) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста, или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија