04 Мај, 2024
0.0266

Повик за учество на тридневна работилница МСП Инструмент - Фаза 1

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Датум: 21, 22 и 23 ноември 2018 година

Локација: Хотел Тино Свети Стефан (Охрид)

Фондација Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за мали и средни претпријатија за учество на тридневна работилница за подготовка на проектна апликација за европската програма за финансирање на мали и средни претпријатија МСП Инструмент (SME Instrument). Повеќе за SME Instrument програмата може да се информирате на следниов линк https://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/en/h2020-section/sme-instrument.

Работилницата е наменета за иновативни мали и средни претпријатија кои поседуваат амбиции и голем потенцијал за раст и ширење на странски пазари. Во рамки на тридневната работилница фокусот ќе биде ставен на Фаза 1 од програмата „Проценка на изводливост“. Финансиските средства кои се доделуваат во Фаза 1 (мак. €50.000) можат да се искористат за истражување и проценка на техничката изводливост и комерцијалниот потенцијал на иновацијата која компанијата има намера да ја комерцијализира. Активности кои подлежат на финансирање се проценка на ризик, истражување на пазар, интелектуална сопственост итн. Очекуваниот исход од проект финансиран во Фаза 1 е изработена физибилити студија вклучувајќи и бизнис план.

Право на учество

Право на учество на работилницата имаат мали и средни претпријатија со висок потенцијал за иновациска дејност со функционален прототип од својата идеја.

Цели на работилницата

Учесниците на работилницата ќе имаат можност да се здобијат со практично знаење за програмата и критериумите за аплицирање. Во рамки на тридневната работилница учесниците ќе имаат можност да работат на подготовка на предлог апликација за Фаза 1 со драфтирање на потребните темплејти за аплицирање.

Процес на аплицирање

Сите заинтересирани компании треба да ја пополнат следната форма за регистрација најдоцна до 5 ноември 2018 година. На обуката може да учествува само еден претставник по компанија. Бројот на учесници е ограничен на 15.

Детали за учество

Учеството на обуката не се наплаќа. Сместување во еднокреветна соба во Хотел Тино Свети Стефан (2 ноќевања) како и трошоците за превоз ќе бидат покриени во рамки на проектот. 

За било каква дополнитена информации пишете на aleksandar.filiposki@yes.org.mk


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото