Добивај вести на Viber
На 12.07.2013 година, неделникот „Фокус“ ќе продолжи да излегува од печат по тримесечна пауза.
Во „Фокус“ продолжува да работи добро познатата новинарска екипа, предводена од главниот и одговорен уредник Јадранка Костова.
Како што соопштува редакцијата, ќе биде задржана истата уредувачка политика по која Фокус е препознатлив.
„Ќе се обидеме да ја продолжиме мисијата на Никола Младенов, „на креирање општество на слободни луѓе, а не збирштина од безрбетници“, се вели во соопштението од редакцијата.
“Читајте „Фокус“, за нештата да станат појасни“, стои во соопштението испратено од екипата што повторно ќе го крене препознатливиот неделник.