06 Мај, 2024
0.0229

ПОВТОРНО ТУРБУЛЕНЦИИ: Трамп почнува да ги исполнува ветувањата од кампањата-што ќе им направи на компаниите?

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп рекол на состанокот со бизнис лидерите дека ќе има „погодности“ за компаниите кои своите производи ги прават во САД.

Тој најави „значајни наметнувања на границите“ за компаниите кои производството го селат од земјата.

„Се што треба да направите е да останете. Не заминувајте. Не ги отпуштајте своите луѓе во САД“, рекол Трамп на состанокот на својот прв работен ден во Белата куќа.

Тој го повторил ветувањето од кампањата дека ќе ги намали прописите „за 75 отсто, можеби и повеќе“.

Трамп рекол дека сака да ги намали даноците за средната класа и компании „за некаде помеѓу 15 и 25 отсто“ од 35 отсто.

Трамп организирал доручек со десеттина бизнисмени меѓу кои и Елон Муск од Тесла, Мерлин Хјусон од Локид Мартин (Lockheed Martin) , Марио Лонџи од Ју-Ес стил (US Steel) и Кевин Планк од Андер Армора (Under Armour). 

Новиот претседател на САД рекол дека сака да одржува вакви состаноци квартално.

Трамп потпишал и указ со кој го почнува повлекувањето на САД од трговскиот договор за Транспацифичкото партнерство.

Се очекува да потпише указ за спроведување на замрзнување на вработувањата во федералната влада.

Оваа вест доведе до турбуленции, доларот се повлече, а повеќето светски берзи ги потресе неизвесност.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук