06 Мај, 2024
0.0254

Познат дански лекар открива: Најголем причинител на смртта кај луѓето во светот е …

Објавено во: Стил 06 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Питер Ц. Гоче, дански професор и специјалист по интерна медицина со диплома од биологија и хемија ја издаде книгата под името „Смртносни лекови и организиран криминал на фармацевтската индустрија“ (Deadly Medicines and Organised Crime: How Big Pharma Has Corrupted Healthcare), со која предизвикал големи полемики во светот бидејќи во таа книга тој отворено открил голема завера против човештвото велејќи дека токму фармацевтската индустрија всушност убила повеќе луѓе отколку сите војни заедно.

Како што рекол, фармацевтската индустрија продава отрови а не лекови и тие отрови , поткрепено со докази, и официјално се трет предизвикател на смртта во светот, но вистината е уште помрачна и страшна.

Неговите изјави би поминале речиси незабележани ако овој лекар беше било кој. Но, не е, овој лекар има објавено преку 450 трудови во Скопус, нејголемата светска база на трудови и рецензии, преку 50 трудови во BMJ, Lancet, JAMA, Annals of Internal Medicine, New England Journal of Medicine и околу 200 трудови на најголемата научна платформа -WOS.

Цитиран е преку 30 илјади пати и коавтор е на бројни научни истражувања, и во цел свет овој лекар ужива голема почит.

Поради тоа предизвика шок и неверување кога ја откри големата тајна. Во својата книга напишал дека трет најголем предизвикател на смртта се лековите, после карциномот и срцевите заболувања (кои исто така се предизвикани од фармацијата и другите отрови). И тоа лекови кои секојдневно се земаат на рецепт или без него, сеедно.

„Пациентите кои им веруваат на своите лекари, а лекарите знаат за лековите само околку колку им дозволува фармацијата, која тесно соработува со властите и депопулациските идеи за намалување на бројот на луѓе на земјата. Податоците за клинички истражувања кои повеќет ги финансираат исти луѓе кои стојат зад оваа индустрија, и се недостапни на јавноста, а тие објавените во магазините често се изменети или лажни. Тестирањето на нови лекови не се спроведува како треба, регулациските агенции не ја вршат работата чесно и се испреплетени бројни судири на интереси. Политичарите, како велат, лесно е да се поткупат, а здравите и болните така лесно да се излажат“, пишува Гоче.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/dozpAshvtsA[/embed]