Позната кралска фамилија води битка за златото на Тито
Објавено во: Свет, Стил 16 Февруари, 2016
Лидерот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито зад себе оставил големо богатство. Само во резерви на злато југословенскиот претседател имал оставено зад себе триесет килограми злато во прачки и прав, 2.600 златници, брилијанти, дијаманти и бисери.
Но, членовите на кралската фамилија Караѓорѓевиќ сметаат дека златото им припаѓа ним и си го бараат назад.
Сепак до ова богатство Караѓорѓевиќи тешко ќе дојдат бидејќи никој од нив нема никаков доказ за потеклото на златото ниту пак може да го препознаат на некои стари семејни фотографии.
Златото се наоѓа во во вреќи во трезорот на Народната Банка на Србија. Судот во Белград веќе се изјасни дека и внуците на Маршалот не можат да се бидат наследници на имотот и златото.