01 Мај, 2024
0.0270

Позната последната пречка зошто Заев уште не му се јавува на Ципрас

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Како да се напише јазикот во графата во Обединетите нации е последната пречка што ја водат македонската и грчката влада пред договорот да биде официјализиран, велат дипломатските извори на Канал 5.

Јазикот ќе биде именуван како „македонски“, што било договорено од поодамна, но Грција бара тој да биде напишан во оргиналната форма, со латинична транскрипција, како „makedonski“,  што всушност беше предлог и на медијаторот Нимиц на самиот почеток од преговорите. На ваков начин, сметаат дека ќе се опише словенското потекло на јазикот.

Позицијата на македонската страна ова е целосно неприфатливо, во услови кога и сега, во графата во Обединетите нации јазикот е запишан со превод на англиски како „Мacedonian“ , како и со превод на француски.

Ова прашање се сметаше за затворено, а го потврди и премиерот Заев, на прес-конференцијата минатата недела, кога го најави договорот.

По оваа изјава на Заев, Нова демократија преку соопштение го прозва Ципрас да каже дали навистина прифатил признавање на македонски јазик и македонски идентитет.

Како ќе се надмине оваа последна пречка за официјализирање на Договорот, останува да се види следните денови, иако месеците наназад како можен компромис се споменува именувањето да биде „Macedonian“ но со ѕвездичка, која ќе објаснува дека станува збор за јазик од словенската група на јазици.


Можеби ќе ве интересира

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски