26 Април, 2024
0.0293

Практиките што ги спроведува „Аџибадем Систина“ ќе се споделуваат како одличен пример во другите болници во светот

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Joint Commission International е најпрестижна болничка акредитација во светот, која се води по строгите стандарди фокусирани на области кои директно влијаат на грижата и лекувањето на пациентот. Програмата за акредитација JCI го опфаќа целиот процес од влегување на пациентот во болница, следење на неговото лекување до напуштање на болницата. JCI e непрофитна, невладина агенција со седиште во Чикаго, Илиноис (САД) формирана во 1994 година. JCI-акредитирана болница значи болница што во својата работа ги имплементиа интернационалните цели за безбедност на пациентите. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првата  акредитација ја доби во април 2016 година. Но според процедурите на JCI,тоа добивање на златниот печат не значи дека тој има трајна и вечна вредност, туку треба да се обновува на секои 2 години. 

Проф. д-р Љупчо Лековски, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека подготовките за реакредитација траеле повеќе од две години, бидејќи неопходно е да се обезбеди комплетна документација и целосно спроведување на процедурите за безбеденост и сигурност за пациентите и за безбедна хирургија.


„Станува збор за тежок и долг процес што не може да се изоди за кратко време. Првиот процес на акредитација се базираше на тоа дали се исполнети сите критериуми и стандарди за безбедно практицирање на процедурите, дали ја имате потребната документација и дали сите тие процедури се применети, но и колку објектот ги задоволува стандардите. Реакредитацијата значеше многу посложен процес каде акредитаторите веќе сметаат дека базичните работи се во функција и не мора да се контролираат, контролата во овој период беше насочена кон многу подетални процеси и суптилни делови кои на крај гарантираат дека вие работите со квалитет“ – објаснува проф. Лековски.

Процесот на реакредитација трае долго, сите стандарди и мерливи елементи што се задолжителни во претходниот период од 3 години треба да останат на истото ниво, но дополнително треба да се имплементираат и над 1.000 нови стандарди кои ги опфаќаат медицинскиот, немедицинскиот персонал, раководството и целокупната физичка средина.

„Во овој период беа имплементирани новите 1.000 стандарди, но се одржуваа и сите досега имплементирани процеси. За време на реакредитацијата акредиторите на терен допреа до секој дел од  болницата. Од медицински, немедицински персонал, раководство па сè до пациентите. Тие имаа интервјуа со пациентите сакајќи да направат потврда за ефикасноста на стандардите. Уште еднаш докажавме дека сме најдобрата болница во регионот и можеме да застанеме рамо до рамо со сите болници во светот. Со гордост можам да истакнам дека акредитаторите истакнаа дека дел од практиките кои ги применува нашата болница ќе се споделуваат како одличен и позитивен пример во другите болници во светот“- вели проф. Лековски.


Златниот печат е дел од визијата и мисијата на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, а овој исклучително важен успех е всушност успех за сите пациенти и успех за целокупниот здравствен систем во земјава. JCI-акредитацијата покажа дека со правилно лидерство, правилно поставен систем базиран на вистински вредности, професионално однесување, многу труд, едукација и посветеност, може да се достигнат и да се работи по светски признати
стандарди. Пациентите кои се лечат во оваа болница можат да бидат сигурни дека болницата:

·  Обезбедува највисококвалитетна здравствена  нега

·  Подготвеност за подобрување на квалитетот на здравствената грижа

·  Грижа заснована на водечки практики засновани на докази

·  Култура и безбедност за пациентите, посетителите и персоналот

·  Раководство кое е во континуирана усогласеност со точните стандарди


Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”