02 Мај, 2024
0.0264

Пратениците ќе може да си земат стан под кирија до 400 евра

Објавено во: Економија 28 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања усвои нов начин на покривање на трошоците на пратениците, со што од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата кои не поседуваат живеалиште во Скопје, ќе мора да одберат дали ќе патуваат секој ден на работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за патарина и за гориво во висина од 20 отсто или ќе закупат стан за кој Собранието ќе издвои средства од најмногу 400 евра, а трошоците за гориво ќе им бидат покриени само за викенди.

Според пресметките на Собранието и тврдењата на пратениците, со ова драстично ќе се намалат средствата за патни трошоци за пратениците, кои досега чинеа илјадници евра.

„Направени се сериозни консултации со секторот за финансии во Собранието, со сите пратенички групи, искористени се и компаративни искуства“, изјави претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски.

Во Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина се предвидува намалување на надоместокот за гориво од 30 на 20 отсто, а освен фискална сметка како доказ тие сега треба до собраниските служби да доставуваат и печатена потврда односно белешка за корисник на платежна картичка издадена заедно со фискалната сметка за платена патарина заедно со слип потпишан од пратеникот или друг соодветен доказ за електронска наплата, беше наведено на седнициата.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?