Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“ извесниот огромен пораз на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во однос на опозициската кандидатка со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.
„Секогаш лекција,никогаш пораз мои социјалдемократи. Ништо не е изгубено, со дигната глава утре ќе продолжиме со секој од вас, благодарност до сите кои дадоа поддршка за Стево, број 1 останува во трка за победа“, прогласи пратеникот од Куманово.
Извесно е дека во вториот круг на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори, претседателот на државата ќе се одбира помеѓу Давкова и Пендаровски.