30 Април, 2024
0.0289

ПРАВ И УРНАТИНИ: Сеќавања на скопјанката Стојановска за катастрофалниот земјотрес во Скопје

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

-Поминаа многу години, но не се заборава, денот беше пеколен, аноќта уште пожешка. Не се спиеше. Јас имав само 16 години, и добро паметам дека со двете сестри постари сетри и брат ми седевме до долго во ноќта во дворот на старата семејна куќа во скопското маало Дуќанџик под Кале. Само што не беше фатил сонот, почувствуваме силен тремор, тресење на тлото, за неколку секунди сите бевме на улица, а невидена прашина се издигаше од сите страни. Не бевме ни свесни што се беше случило тоа утро на 26.јули, кога почнаа да се слушаат плачење и вресоци. Скопје беше разурнат до темел. Имавме среќа, јас и моето семејство да ја преживееме катастрофата, но блиски пријатели и роднини беа жртви во таа невидена катастрофа. Остатокот од летото го поминавме во Бања Лука, градот во Босна кој се солидаризираше и помогна на многумина да престојуваат во илјадниците шатори, додека да се создадат услови да се вратиме назад, вака сведочи, 73-годишната скопјанка, Нена Стојановска, за најголемата природна непогода што ја доживеал градот Скопје во поновата историја.

Нем сведок на тој пеколен јулски ден, во центарот на градот се уште е Старата железничка станица, која во изминативе години стана симбол на скопскиот земјотрес. Срелките на часовникот се запрени токму во кобниот момент, во 05.17 часот, а од неговата разорна моќ, 9 степени според Меркалиевата скала или 6,1 според Рихтер биле срамнети со земја 15.800 станови и биле оштетени повеќе од 28.000 домови. Во оваа најголема природна непогода што ја доживува Скопје, животот го загубиле 1.070 негови граѓани.

-Се уште паметам дека уште истиот ден дојде војската на тогашна Југославија, со денови траеше расчистувањето на урнатините. Стигнаа тимови од цела Југославија, но и од секаде од светот. Според еден податок, што подоцна си го разговаравме, Скопје тогаш добил помош дури од 90 земји во светот, заради што веднаш го нарековме „Град на солидарноста“. Стотици илјади граѓани бевме евакуирани во сите југословенски републики, јас и моите сестри и мајка ми отидовме во Босна. Татко ми и брат ми, кој тогаш имаше 23 години, останаа да помагаат во расчистувањето на урнатините во градот, се сеќава Стојановска.

Урбаниот лик Скопје го добива по неколку месеци според проектите на јапонскиот архитект Кензо Танге. Симбол на неговата работа е Градскиот Трговски Центар и сите висококатници во Градски Ѕид.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање