ПРЕДИЗВИК МУ Е ДА ЈА ВОДИ ВЛАДАТА: Спасовски повика на фер избори
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020
Техничкиот премиер Оливер Спасовски на седница во Собранието попладнево изјави дека сега е време кога треба да се организираат фер избори, но и да заврши нашето зачленувањето во НАТО.
Вели дека му е предизвик да ја води Владата во овој период.
Спасовски рече дека за неколку месеци ќе бидеме дел од НАТО, а со тоа ќе бидат исполнети 50 отсто од заложбите.
Тој ги прочита кадрите како Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска, Горан Сугарески, Садула Дураки, Крешник Бектеши, Дамјан Манчевски, Трајан Димковски, Рашела Мизраки, Арбр Адеми, Горан Милевски, Хусни Исмаили, Насер Нуредини, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Музафер Бајрам, Зорица Апостолска, Бардил Даути, Хисен Џемаили кои ќе ги водат министерствата во периодот до изборите.
„Очекувам професионална собработка помеѓу Владата и Собранието, особено со ДИК“, вели Спасовски.
Тој додаде дека е трасиран патот за фер избори.
Повика граѓаните да гласаат и да веруваат во изборниот систем.
Спасовски потсети дека и опозицијата има обврска да се одважи и да помогне за фер избори.