ПРЕДНОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА: Ова се новите цени на бензинот и дизелот
Објавено во: Економија 25 Декември, 2017
Предновогодишно поскапување на нафтените деривати стигна денеска од регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторното тело одлучи за еден денар повеќе возачите од ноќеска да полнат резервоари.
Или, за да наточите Еуросупер БС-95 ќе платите 66,50 денари за литар, а за Еуросупер БС-98 ќе платите 68 денари за литар.
Еуродизелот од ноќеска на полноќ ќе чини 55 денари а екстра лесното масло ќе се продава по 44 денари за литар.
Со оваа ноговодишна честитка Регулаторна реши да ја зголеми и цената на мазутот која ќе чини 28,6 денари за килограм.
Овие одлуки стапуваат на сила од полноќ и ќе важат две недели.