ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО БРИТАНИЈА: Да не си играат со оган
Објавено во: Свет 06 Април, 2018
Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензија ја осуди британската Влада поради обвинувањата дека Москва стои зад труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.
Тој ги предупреди британските власти да не си „играат со оган“ и дека ќе зажалат поради нивниот одговор на труењето на екс шпионот.
Небензија, отворајќи го состанокот на Советот за безбедност посветен на тоа прашање изјави дека Русија е жртва на „избрзана, неуредна и злонамерна кампања што ја водат Британија и нејзините сојузници“.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пак повика на „сеопфатна и одговорна истрага“ за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.