07 Октомври, 2024
0.0276

Предвидени се 810 места на државните универзитети за проектот 35/45

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во академска 2013/14, предвидени се 810 места на се Државните универзитети “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Висината за кофинансирање на студиите е 200 евра годишно (во денарска противвредност), и се однесува за запишување на студии само за вонредни студенти на посочените студиски програми на јавните универзитети во Република Македонија.

Министерството за образование и наука продолжува со реализацијата на проектот 35/45 и во студиската 2013/2014 година. Со овој проект им се дава можност на возрасните да го дооформат високото образование, кое од какви било причини не успеале да го стекнат во минатото.

Дооформување на високото образование е во согласност со концептот за доживотно учење и придонесува за напредок на кариерата на заинтересираните и зголемување на бројот на лица со оформено високо образование, што имплицира забрзан стопански развој на Република Македонија истакна на денешната прес конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

„Посебните критериуми и услови за запишување на овие студенти, ги распишуваат самите високообразовни установи. Предвидено е тоа да се лица на возраст од минимум 45 години за мажи, односно 35 години за жени, со претходно завршено четиригодишно средно образование, кои имаат засновано работен однос на неопределено време, или пак се невработени и се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години. Квотите се проектирани, согласно со потребите на пазарот на трудот и бројот на евидентирани невработени лица коишто имаат завршено одредена средна стручна спрема, со што им се дава можност да го дооформат своето високо образование во конкретната насока“, рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Имплементацијата на проектот започна во студиската 2010/2011 година и во изминативе 3 години преку него на високообразовните установи запишани се повеќе од 1000 студенти.

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ