04 Мај, 2024
0.0580

Премиерот Заев се сретна со еден од првите луѓе на Google Jigsaw: Се разговараше за идеи за соработка во Македонија, поставена е основата за развој

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании Google Jigsaw.

Изразена е поддршка за промените што се случија во Македонија, што ги предводи новата Влада, како и за можностите за млади и за економски развој што ги отвора Владата.

Премиерот Заев ги претстави условите за инвестирање во Македонија.

Со политиките на новата Влада, ја отворивме Македонија за светот како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и старт ап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата, рече премиерот Заев.

На средбата, претставници на Google Jigsaw што го придружуваа високиот претставник на компанијата, Коен, соопштија оценка од нивната скорешна посета на Македонија, дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор.

На состанокот се разговараше за идеи за соработка во Република Македонија. Поставена е основа за развивање на соработката.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин