06 Мај, 2024
0.0236

Преносливиот проектор Samsung Freestyle сега е достапен во Македонија: Неговиот лесен и компактен дизајн и моќната технологија нудат неограничени можности за забава внатре и надвор од домот

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Преносливиот проектор Samsung Freestyle конечно е достапен и во Македонија по препорачана малопродажна цена од 60 999 денари. Уредот е толку фантастичен што се прилагодува според личните желби и потреби на корисникот, па така истиот може да биде проектор, паметен звучник и амбиентално осветлување за употреба внатре и надвор од домот. Freestyle доаѓа во бела боја со врвен, минималистички дизајн, а поради неговите врвни карактеристики, обезбедува висококвалитетна репродукција на звук, живописно прикажување на омилената содржина и ново ниво на корисничко искуство. Токму со проекторот Freestyle, Samsung освои златен медал напрестижен меѓународен натпревар за дизајн –International Forum (IF) Design Award 2022.

Дизајн кој ќе ве освои на прв поглед

Напредната технологија на проекторот Freestyle е имплементирана во неверојатно лесно куќиште кое тежи само 830 грама. Ова е уред кој се вклопува на сечија дланка, па токму затоа може лесно да го пренесете од една во друга просторија. Покрај малата тежина, Freestyle се издвојува и по својот елегантен и модерен дизајн кој совршено ќе ја одигра улогата на атрактивен додаток на секој ентериер - од дневна соба, кујна, бања па сè до спална соба, но и надворешни локации како балкони или дворови. Исто така, благодарение на ротирачкиот држач до 180 степени, избраната содржина може да се проектира на различни површини со ист квалитет на приказ - на ѕид, под, таван, па дури и на мебел.

Забава на секој чекор

Она што го прави посебен проекторот Freestyle е тоа што на корисниците им овозможува неограничени опции. Станува збор за уникатен уред кој, во зависност од индивидуалните преференции на корисникот, може да биде проектор, паметен звучник или амбиентално осветлување. Гледањето филмови, слушањето музика и гејмингот се само дел од многуте можности, додека амбиенталниот режим на работа ја носи забавата на едно сосема ново ниво. Со оваа функција, корисникот може да го прикаже избраниот амбиент кој ќе го украси ѕидот на собата и на тој начин ќе создаде интимна, пријатна атмосфера во домот, а во исто време може да проектира волшебни светлосни ефекти базирани на музика како вистинска диско топка. Дополнително, проекторот е компатибилен со надворешни батерии кои поддржуваат USB-PD и излез од 50W / 20V или повеќе, што го прави идеален придружник за патување и дружење со семејството и пријателите надвор од домот.

Револуционерен звук и приказ на содржината

Покрај иновативниот дизајн и различните можности за користење, преносливиот проектор Freestyle се карактеризира и со иновативна технологија за неверојатна репродукција на аудио и видео содржини. Со функцијата auto-focus, која овозможува автоматско фокусирање, приказот на содржината секогаш ќе биде кристално јасен и детален, додека во исто време проекцијата може да се прилагоди до 100 инчи без губење на квалитетот. Понатаму, има функција за автоматско копче што автоматски ја изедначува искривената проекција и создава правоаголна слика, како и автоматско ниво за прилагодување на екранот на која било површина - од камен ѕид, плочки до кревет во спалната соба. Во однос на аудио содржината, проекторот носи можност за ширење на звук од 360 степени низ просторијата, а со тоа на корисникот му овозможува целосно ново искуство и максимално уживање.


Повеќе информации за производот може да најдете на следниот линк:

https://www.samsung.com/mk/projectors/the-freestyle/the-freestyle-sp-lsp3blaxxh/


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ