02 Мај, 2024
0.0274

Преспанскиот договор треба да се подобри: Новата грчка Влада внимателна со името Северна Македонија

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Договорот од Преспа треба да е поплоден, а Грција ќе води жестока битка околу трговските марки, зашто грчките компании инсистираат да го користат терминот Македонија без да изгубат време и пари. Новиот заменик министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис и отворено порача дека Преспанскиот договор треба да се подобри. Министерот Никола Димитров пак вели оти е добро да му се даде шанса на договорот ваков каков што е.

„Мислам дека логично е и многу е природно да се инвестира во еден однос доверба и блискост и со новата влада и мислам дека треба да работиме да ги убедиме во тоа што ние веруваме дека договорот од Преспа е голема шанса и можност, а не товар, рече Димитров во Атина.

Новата грчка Влада не најавува блокади за македонското членство во Европската Унија, а важни им се идните чекори во однос на исполнувањето на обврските. Министерот Варвициотис сепак не го употребуваше името Северна Македонија, туку само вашата земја. Димитров пак е дециден дека во однос на трговските марки Договорот има механизам. Веќе има експертски тим кој работи на тоа шрашање, а поинтезивни разговори за овој процес најавува по одморите. Со иста надеж очекува и брз расплет околу прашањето со нафтоводот Солун – Скопје. Од Хеленик Петролеум, компанијата сопственик на нафтоводот и на домашната компанија ОКТА исто така се надеваат на решение.

„Ако се реши нафтоводот ќе се случат неколку работи. Прво, вие ќе имате сигурно снабдување, второ многу поголеми количества ќе влегуваат и трето ќе и овозможи на ОКТА да инвестира во депоата и да направи надградба на истите, вели Роберто Караханас, Хеленик Петролеум.

Инаку Хеленик Петролеум повторно ја активираше тужбата кон Македонија во судот во Париз за непочитување на договорот за купопродажба на ОКТА. Грчката страна бара 32 милиони евра оштета за неоткупени колични мазут обврска која била предвидена со тој договор. 


Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад