06 Мај, 2024
0.0270

Претседателот на интернационалната организација „Ротари“ во посета на Македонија

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Гери Хуанг заедно со членови од македонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште  Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации

Во неколку дневна посета на Македонија пристигна претседателот на Ротари г. Гери Хуанг кој денес и ќе учестува на гала вечерата на ова реномирана организација која ќе се одржи во х. Александар Палас. г. Гери Хуанг заедно со членови одмакедонските Ротари клубови ги посетија и штитениците од посебното училиште  Иднина, институција каде беа реализирани и неколку значајни донации со кои значајно се подобрија условите за учење и престој на овие деца.

Ротари е организација на волонтери, на повеќе од 1,2 милиони деловни лидери и лидери во другите професии кои се обединети во светот,  со цел да изведуваат и подржуваат филантропија, како и да помогнат во градењето на добра воља, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот. Организирани во повеќе од 32 000 клубови во повеќе  од 200 земји и географски области, Ротаријанците изведуваат проекти за да одговорат на денешните предизвици на современото живеење како што се неписменоста, болестите, гладот, сиромаштијата, недостатокот на чиста вода, негрижата за здрава околина и многу други, чие елиминирање станува суштински предуслов за хуманиот развој и за оддржувањеот на мирот  во светот. Иницијативата за формирање на првиот Ротари клуб во Чикаго, САД датира од 1905 година и при тоа наидува на голем интерес кај деловните луѓе и оние од другите професии и таа е прва светска организација на волонтери определена во интерес на основните човекови потреби. После првиот клуб, се формираат нови клубови во други градови и држави и следствено на основните начела, членовите на клубовите се среќаваат на неделните состаноци да ги планираат проектите, дискутираат разни прашања од локален, национален и меѓународен интерес и уживаат во градењето на меѓусебното пријателство. Ротари клубовите се неполитички и отворени за граѓани од сите раси, култури и религии. Во областа на образованието, Ротари фондацијата обезбедува меѓународни стипендии за повеќе од 1000 студенти годишно кои студираат надвор од своето место на живеење и кои служат како културни амбасадори.

Еден од најзначајните проекти на Ротари е Полио Плус кампањата.  Ротари клубовите со свое финансиско учество од преку 850 милиони американски долари и армија на волонтери имунизира повеќе од две милијарди деца во 122 земји во светот. Ротари е главниот партнер и лидер во Глобалната иницијатива за ерадикацијата на полиото, заедно со Светската здравствена организација, УНИЦЕФ  и УС Центарот за контрола и превенција на болестите.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“