30 Април, 2024
0.0374

ПРЕУБАВИ ГРАДОВИ: Таму можат да живеат само луѓето со „длабок џеб“

Објавено во: Стил 27 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во третиот квартал од 2017 година се анлизирани 293 градски пазари за домување во девет земји - Австралија, Канада, Хонг Конг, Ирска, Јапонија, Нов Зеланд, Сингапур, Велика Британија и САД, пишува Business Insider.

Ако просечниот приход бил 50.000 долари, а просечната куќа чинела 250.000 долари, средната вредност на недостапност би била 5 (250.000 / 50.000 = 5). 

Погледнете ја листата на најскапите градови за живеење за 2018 година според "median multiple" методот.

1. Хонг Конг

Најмалку достапно место за домување веќе одма година по ред е Хонг Конг со просечна вредност од 19.4. Минатата година вредноста на овој град била 18.1.

2. Сиднеј, Австралија 

Градот има средна вредност од 12.9 а големо влошување било забележано во последните неколку години, со оглед на тоа дека во 2001 година стапката била 6.3. 'The UBS Global Real Estate Bubble' индексот за недвижности го оценил Сиднеј како град со најголем ризик за домување во светот (заедно со Ванкувер).

3. Ванкувер

Најмалку достапен и најскапиот град во Канада, со средна вредност од 12.6, Ванкувер го доживеал најголемото влошување во ова истражување на достапност, зголемувајќи ја вредноста од 2.35 на 5.3 во 2004 година.

4. Санта Круз

Лоциран во областа Беј (Bay Area), Санта Круз има висока вредност на неудобно и скапо живеење во САД, со средна вредност од 10.4

5. Сан Хозе

Најмалку достапен град за домување во заливот на Сан Франциско, Сан Хозе е со средна вредност од 10.3.

6. Мелбурн

Со просечна вредност од 9.9 Мелбурн стана неприфатлив град за живеење во последните неколку години од 6.3 во 2001, а под 3.0 во раните 1980-ти години.

7. Санта Барбара

Четвртиот, но не и последниот град во Калифорнија кој е во листата топ 10, Санта Барбара има средна вредност од 9.4.

7. Лос Анџелес

Лос Анџелес е втор најскап град за живеење во САД. Неговата вредност е 9.4

8. Хонолулу

Овој 'рајски град' со преубави плажи кој е сместен во островот Оаху, има "median multiple" вредност од 9.2.

9. Сан Француско 

Сан Франциско заедно со Салинас го делат деветото место на оваа листа со идентична средна вредност од 9.1.

9. Салинас

Лоциран во државата Монтереј, Салинас е гратче со популација помала од 150.000 жители. Ова место има средна вредност од 9.1.

10. Тауранга

Домувањето во Нов Зеланд е сериозно недостапно, со вкупна просечна вредност од 5.8, а во Туаранга просечниот почеток чини 8.9 пати повеќе од просечниот приход.