06 Мај, 2024
0.0259

Причината за рак лежи во храната: Ова е најлоша работа што може да си ја направите!

Објавено во: Стил 08 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Не само што шеќерот е примарен извор на вишок килограми, туку најновите истражувања покажуваат дека ќелиите на ракот го упиваат длабоко фруктуозниот пченичен сируп, што е уште една додатна причина да го избегнуваме.

Пред неколку години, истражувачи од Универзитетот во Калифорнија и Лос Анџелес утврдиле дека ќелиите на тумор ја користат фруктозата за делење и репродукција, што ги побива претходните претпоставки се сите шеќери се исти. Туморските ќелии кои се хранети со глокоза и фруктоза ги користат овие шеќери на два различни начини, рекол истражувачкиот тим.

Нивните резултати , кои се објавени во магазинот Cancer Research, би можеле да помогнат да се објаснат претходните студии кои го поврзуваат земањето на фруктоза со рак на панкреасот, една од најсмртоносните облици на болести.

„Овие резултати покажуваат дека ќелиите на ракот може лесно да ја метаболизираат фркутозата како би ја зголемиле пролиферацијата“, напишале во 2010 година доктор Ентони Хенеј и колегите од UCLA’s Jonsson Cancer Center.

„Тие имаат големо значење за онколошките пациенти на кои им е препишана исхрана со рафинирана фркутоза, а покажуваат дека намален внес на рафинирана фруктоза или престанок на третираните акции со фруктоза може да го поремети растот на рак“, рекол тој.

Американците, многу повеќе отколку луѓето во повеќето други индустријализирани земји, јадат неверојатна количина фруктоза, воглавно високо-фруктуозен пченичен сируп, кој е мешавина од фруктоза и глукоза, а се користи воглавно во некои пијалоци, леб и низа други преработени намирници.

Посегнавте по еден кекс, а потоа сфативте дека изедовте цела кутија?

Причината за тоа не е недостаток на самодисциплина туку видот на шеќер кој се наоѓа во повеќето готови производи.

Неговото име е глукозно-фруктозен сируп.

Глукозно-фруктозниот сируп (High-fructose corn syrup, HFCS) е вид на пченичен сируп. Се произведува на таков начин што со помош на ензими дел од глукозата се претвра во фруктоза за да се добие саканата сладост. Се создава мешавина на глукоза и фруктоза која се вика глукозно-фруктозен сируп.

Произведувачите често користат глукозно-фруктозен сируп бидејќи е значајно поефтин од шеќерот. Освен тоа, HFCS го продолжува рокот на траење на производот. Секако дека овој адитив е и тоа како „добредојден“ во светот на брзата храна.

Глукозно-фруктозниот сируп се користи како замена за шеќер во многу пијалоци, сокови, јогурти, житарици и пецива.

За жал , како и многу други адитиви, сирупот има разорувачко влиајние на нашето здравје.

Фруктозата е отров за нашето тело бидејќи мозокот не ја доживува како храна.