26 Април, 2024
0.0325

Примена на Европската шема за управување и ревизија на животната средина

Објавено во: Колумни 20 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

     Заштита и управувањето на животната средина е проблем и сопатник на развојот на човечката цивилизација, но во последните десетлетија станува се поактуелен. Европската Унија го поддржува развојот на еколошки прилагодена и конкуретски способна економија, која се стреми да ги постигне целите на концепцијата за одржлив развој. Едно од важните средства за воведување на стандардите за социјална и еколошка подносливост, социјална одговорност и економска одржливост, се јавуваат системи за управување на животната средина или Европска шема  за управување и ревизија на животната средина (EMAS).

  Што е ЕМАS?  Системите за управување на животната средина се јавија како последица на индустрискиот развој и ја одразуваа потребата за оптимално искористување на расположливите ресурси и нивното обновување. Поради меѓународниот карактер на редица економски сектори, возникнуваат општо прифатени стандарди за управување на животната средина.

  Европската еколошка агенција дефинира, дека системот за управување на животната средина е средство кое обезбедува ефективно исполнување на управувачките мерки за животната средина соодветни на целите и задачите на еколошката политика (ЕЕА 2006).

  Според повеќето автори, Програмата за животната средина на ООН, ја претставуваат системите за управување на животната средина на поодделни земји како дел од целосниот систем на управување кој ги опфаќа дејностите на: планирање на политиката за животната средина.

  Главниот модел на системот на управување на животната средина , претставен во специјализираната литература, е тој на еколошките стандарди ISO 14001  и EMAS. ISO 14001  ги конкретизира стадардите за една фирма (субјект) односно систем за управување на животната средина на таа фирма.  

  Шемата за управување на животната средина и ревизија (ЕМАS) ги вклучува сите барања на ISO  14001 со неколку дополнувања. Шемата за управување на животната средина и ревизија (EMAS) е доброволен инструмент на ЕУ предлаган на организациите за оценување, подобрување и известување на нивното однесување кон животната средина. Отворена е за сите економски сектори вклучително и оние што предлагаат и општествени и приватни услуги. Се стреми, за управување на животната средина да стане еден непрекинат процес кој води кон постојано подобрување на еколошките резултати.

  Во ЕУ, различни институции одговараат за примена и поддршка (охрабрување) на ЕМАS.  ЕВропската комисија ја разработува и контролира шемата ЕМАS на ниво на ЕУ, но сите држави членки се должни да создаваат национални шеми за регистрација и контрола кои што даваат можност за успешна примена на национално ниво.

  Општо земено, ЕМАS е доброволен инструмент, кој е на располагање на секоја организација која остварува дејност во кој и да е сектор на економијата во рамките на ЕУ или надвор од ЕУ со цел:

-да прифаќа еколошка и економска одговорност;

-да го подобрува своите еколошки резултати пред општеството и на сите заинтересирани.

  Според повеќе истражувања, ЕМАS е од голема корист на учесниците во шемата организации и тоа:

-подобрени еколошки и финансиски резултати, кои се изразуваат со високо квалитетно управување на животната средина, повисока ефикасност на ресурсите и пониски трошоци;

-подобро управување на ризиците и потенцијалните, што дава гаранција за точно запазување на регулаторните барања на законодавството во сфетата на животната средина, за намален ризик од казни во врска со законите од областа на животната средина, за примена на регулаторни олеснувања и др;

-зголемена доверба, регулација и тренспарентност, гарантирана како независна информација во однос на животната средина, користење на логото на ЕМАС како инструмент на маркетингот, подобри можности за бизнис на пазарот, каде еколошките производни процеси се од значење, подобри односи со клиентите, со локалната и пошироката општественост со регулаторните органи и др.

Развој на ЕМАS. Повеќе истражувачи како почеток на системот за управување на животната средина го прифаќаат почетокот на деведесетите години на 20 век од Британскиот институт по стадардизација (BSI). Стандардите од ИSО 14000, го формулираат поимот: систем за управување на животната средина и му даваат ред други дефиниции. Стандардот е кус, јасен, но сосема доволен да служи за база за разработка и примен на системот за управување на животната средина (ЕМАS) која е иста со БС7750, настанал од BSI, но вклучува и дополнителни барања. Барањата на ЕМАS се објавени како регулатива 1836/93 на Советот на ЕУ во 1993 година. Учеството во системот е доброволно и достапно за општествени и приватни организации, кои работат во Европската Унија или во Европската економска заедница –Исланд, Лихтенштајн  и Норвешка. Во исто време барањата на ИСО 14001 целосно се вклучени во ЕМАS.

  Во 2009 година со решение на Комисијата, шемата е на располагање и на организации надвор од ЕУ и Европските здруженија кои вршат дејност надвор од ЕУ. Истовремено, поставени се и насоки за коорпоративна регистрација по шемата. Намалени се бирократските процедури (ревидиран ревизискиот циклус, регистрцијата на едно место, клостерски пристап) и е олеснето учеството на малите и средни претпријатија. Кај воведувањето на ЕМАС треба да се имаат во предвид секторските референтни документи и да се назначи во еколошката декларација како биле искористени тие документи.

  Општа процедура за воведување на ЕМАS. Пред се, воведување на првостепена анализа на директните и индиректните еколошки аспекти на сите дејности извршени од организацијата. Се определува методологијата за нивната оценка, соодветност на организацијата за законитоста и постоење на практична примена за управување на животната средина. На таа етапа организацијата прифаќа ангажирање, да постигне подобри еколошки резултати што се опишува во политиката за животната средина на организацијата.

  Воведувањето на системот за управување на животната средина треба да е соодветно на барањата на ISО14001. Во неа се определуваат одговорностите и целите на системот, средствата за нејзина поддршка, утврдување оперативни процедури, идентифицирана потреба од обука, како и примена на систем за мониторирање и комуникација. На ова ниво се определува и се дава приоритет на сите аспекти поврзани со влијанието на ајонизацијата врз животната средина и се определуваат специфичните индикатори за нивното мерење.

  Потоа, спроведување на внатрешна еколошка ревизија со цел да се оцени исполнувањето на системот за управување на животната средина, како и соодветност на постигнатото со другите организациони политика и програми и со барањата на законитоста.

  Изработка на еколошка декларација во која организацијата ги презентира пред широката јавност, еколошките резултати во однос на поставените  цели прокалмирани со нејзина еколошка политика. По заверка на еколошката декларација, таа може да се искористи за оценка на ланецот за наложување на оштествените порачки, да се предлага на пазарот како дејност со логото на ЕМАS.Денес во ЕУ има над 4500 организации со над 7800 претпријатија регистрирани по ЕМАС. Најголем број регистрирани форми се од Германија, Австрија, Шведска и Данска. Во последните пет години расте регистрирањето на фирми од Шпанија и Италија.Околу 20% од регистрираните фирми се  микропретпријатија, 60% се мали и средни компании и 20% се големи фирми.


Проф. Д-р. Борис Анакиев 


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД