07 Мај, 2024
0.0258

ПРОЧИТАЈТЕ СИ ЈА СУДБИНАТА: Што велат за тебе линиите на дланката?

Објавено во: Стил 19 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Велат дека линиите на дланките можат да откријат какви сме по душа и карактер, така и она што не чека во иднина. Меѓу нас и линиите на дланките има многу заеднички нешта. Постојат три линии на дланката кои се најјасно изразени - главната линија, линијата на животот и линијата на срцето.

linii na dlankata

Секоја од нив може да ја претскаже суштината, а и суштината на секој на кого сакате да му ја видите раката. Запомнете: линиите се гледаат само на левата рака, а сликата погоре ви го покажува името на секоја од нив.

Главна ЛИНИЈА

Кратка линија (завршува блиску до центарот на твојата дланка): Имаш брза мисла и доаѓаш до верните заклучоци за луѓе и настани без многу напор. Имаш остар ум и добра проценка за животот воопшто, што е реткост и се цени многу.

Долга права линија (речиси по целата должина на дланката): Ги анализираш премногу работите од животот и мислиш многу пред секој чекор, која го правиш. Тоа ти пречи да живееш целосно и безгрижно, но ти помага да избегнеш и доста сериозни грешки.

Линија која се дели на две: Чувствителна природа и ги чувствуваш многу подобро луѓето околу тебе, за тоа и секогаш се обраќаат за помош кон тебе, кога имаат проблем. Секогаш знаат дека ќе ги разбереш и дека ќе им го дадеш вистинскиот совет.

Долга закривена линија (оди кон долниот крај на дланката): Многу креативна личност, која постигнува успеси во животот на уметнички начин - хоби, професија или нестандардно размислување за бизнис.

Линијата на СРЦЕТО

Долга права линија: Рационалист и имаш аналитичко размислување, кое ти помага да донесеш добри одлуки при напнати ситуации. На луѓето им се допаѓа кај тебе тоа дека секогаш си во согласност со нивните чувства и расположение.

Кратка права линија: Во текот на целиот свој живот ја бараш слободата, патуваш многу и никогаш не остануваш на истото место за долго време. Исто така покажуваш љубов преку активности, не само со зборови.

Долга закривена линија (оди нагоре и завршува непосредно до средниот прст): Во крвта ти врие страст - за живот, за работа, за љубов и за секој миг, кој се стремиш да не го пропуштиш. Човек на животот, кој ги оценува и малите и големите нешта.

Кратка закривена линија (оди нагоре и завршува на сантиметар-два од средниот прст): Резервиран си, повеќе затворен и нема потреба од многу голем пријателски круг, за да си среќен. Сакаш домашна удобност и имаш нестандардно размислување за работите од животот.

Линија, во која има Х: Софистицирана личност со многу особен поглед на светот, но со многу високи приоритети, кои никогаш не ги погазуваш - достојно за почит.

Линија која се дели на две: Емоционален човек. Целиот твој живот се врти околу емоциите - одлучувањето, состојбите во кои се наоѓаш и свесност за луѓето, сè е подредено на твојата внатрешна сензација.

Линија на ЖИВОТОТ

Долга линија: Силна личност и знаеш што значи вистинска борба. Имаш среќа во љубовта и знаеш како да постигнеш нешто што си наумил.

Кратка линија: Секогаш имаш потреба од човек кој ќе те поддржува.Имаш страв од работите од животот и ти е потребен силен и стабилен партнор кој ќе те поддржува. Чувствителна природа имаш.

Бледа линија: Сонувачот и краен оптимист, кој никогаш не може да ја види лошата страна на животот. За тебе секое лошо нешто се случува, за да дојде подобро. Имаш силна имагинација.

Скршена линија: Секој прекин значи голема превирања во твојот живот или сериозно решение кое си ги донел или претстои да го донесеш. Силна личност си.