Продолжена забраната за влез во Грција
Објавено во: Балкан 28 Август, 2020
Грчката Влада одлучи за уште две седмици да ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија.
Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања истекува на 31 август, а според новата таа се продолжува до 15 септември.
Ограничувањата попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.
Грчката Влада веќе најави дека ќе има продолжување на голем дел од мерките што се во сила, меѓу кои и оние што се однесуваат на копнените граници.