Продолжува чистката во Турција - се затвораат уште 12 телевизии
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2016
Властите во Турција денеска наредија затворање на уште 12 телевизиски станици поради „закана по националната безбедност, пренесува турската новинска агенција Анадолија.
Турција прогласи вонредна состојба по неуспешниот воен удар од 15 јули, по што уследи апсење на повеќе илјади луѓе поради поврзаност со муслиманскиот свештеник Фатулах Ѓулен, кој се сомничи дека го организирал пучот.
Десетини новински куќи „кои се осомничени за поврзаноста со Ѓулен, се затворени, а повеќе десетици новинари и соработници се уапсени.
Останатите турски медиуми пишуваат дека овие телевизии се затворени поради поддржувањето на курдските и левичарските организации.
Турската новинарска асоцијација ја осуди одлуката за затворање на медиумите и соопшти дека „на удар се наоѓаат новинари кои не ги делат ставовите со владата“. Сметаат дека тие се апсат врз основа на лажни обвиненија.