Продолжува трупањето на санкции против Северна Кореја, Ким Јонг Ун „абер“ нема
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2017
Советот за безбедност на Обединети нации синоќа едногласно усвои резолуција за проширување на санкциите кон Северна Кореја. Ова е за прв пат да бидат заеднички договоровени таргетирани санкции во кои дале согласност САД и Кина под водство на контроверзниот американски претседател Доналд Трамп.
Санкции ќе бидат воведени против 14 севернокорејски претставници и четири компании, на кои им е воведена забрана за патување и замрзнување на средства.
Со новите имиња „црната листата“ има 39 поединци и 42 компании. Санкциите следат по новите провокации од режимот на Ким Јонг Ун кој продолжува со тестирање на ракети со долг дострел.