ПРОФЕСОР НИКОЛА ПАНОВСКИ: Премногу „креативно“ ги лекуваа болните од корона вирусот, им се даваа токсични дози лекови
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2021
Професорот Никола
Пановски се надева дека бројот на починати поради компликации од корона вирусот
нема повеќе да се качува нагоре, одноно дека нема веќе да регистрираме
двоцифрени бројки. Во однос на високата смртност во сиот изминат период од
епидемијата во Македонија вели многу поинаку ќе беше ако матичните лекари
добиеја официјален допис со востановени протоколи за лекување.
-Зошто не се направија протоколи и не се испратија до сите матични лекари? Требаше државата, кога виде дека премногу „креативно“ се лекува и лекува кој како ќе стигне и не се почитуваа светските протоколи, да им испрати писмен допис уште лани ова време во кој ќе им беше кажано во тие рамки да се движат. Истото важи и за болниците. Не може во една болница во Скопје да се дава лекот Ивермектин, а во друга не. Тоа може да биде случај во Америка со 320 милиони луѓе, во држава со 2 милиона кога гледате дека има проблем треба да се реши. Или се дава лекот или не. Во однос на антибиотиците, јас неколку пати сум повторил дека тоа е голем срам што го доживеа државата. Давање на токсични дози на лекови, забранети, и никаква реакција, освен јас и пние кои ме поддржаа, односно професорот Беќаровски и професорот Даниловски, навистина беше недозволиво. Да не зборувам дека се даваа и по два лека и за вирусни болести, па дури и на здрави луѓе. Тоа е од мој аспект што можам да го кажам, а другите апсекти треба тие што работат во болниците да го истражат, но не очекувам дека некој ќе истражува, посочи денеска професорот Пановски во гостувањето во „Студио 10 на ТВ 24.