ПРОГНОЗИ: Кој е фаворит за следен премиер на Велика Британија?
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2016
Набрзо откако денеска Дејвид Камерон најави оставка, Ројтерс пренесе дека меѓу обложувачите Борис Џонсон котира како иден британски премиер.
Џонсон, поранешен градоначалник на Лонон и заговорник на Брегзит, е фаворит на обложувачите како наследник на Камерон, кој се залагаше за останување во ЕУ, наведе Ројтерс.
И агенцијата АП претходно прогнозираше дека Џонсон е водечки кандидат за премиер. Камерон, кој е лидер на владеачката Конзервативна партија, го вложи својот углед за останување на Британија во ЕУ, оценува американската агенција.
Веднаш откако излегоа првите проекции од резултатот од референдумот, според кои можел да се заклучи исходот, медиумите почнаа да шпекулираат дека Камерон ќе поднесе оставка.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/TelegraphNews/status/746253841536950273?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Голем број новинари нестрпливо ја чекаа изјавата на премиерот во Даунинг стрит, очекувајќи дека „веднаш ќе падне“ оставка.
Камерон, во првото обраќање после објавата на конечните резултати од референдумот на кој Британците се изјаснија за излез од ЕУ, рекол дека на неговиот народ му е потребен нов премиер и најави дека ќе поднесе оставка до октомври.
-Мислам дека не би било во ред јас да бидам капетан кој ќе ја поведе нашата земја кон следната дестинација-рекол Камерон.
Тој во обраќањето до новинарите пред канцеларијата во Даунинг стрит рекол дека на земјата и е потребно ново раководство, напоменувајќи дека тој не е тој кој ќе ја води земјата низ преговорите со Брисел за напуштање на ЕУ.
Оставката, како што навел , ќе ја поднесе до конференцијата на Конзервативната партија на есен.