01 Мај, 2024
0.0321

Проговори и Петров: Оштетени ли се корисниците на парно за 12 милиони евра

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Откако актуелниот претсдател на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски се огради од коменар за обвинувањата од Топлификација, а индиректно упати на одговорност на неговите претходници, Фактор се обрати до поранешниот прв човек на комисијата Димитар Петров. Од него побаравме одговор на тврдењата на скопска Топлификација дека во периодот од 2013 до 2016 година Регулаторната комисија за енергетика на БЕГ му признала поголем процент на загуби во мрежата со што ги оштетила корисниците на парно за над 12 милиони евра. Според тврдењата иако правилниците дозволувале загуби во ситемот до 12 проценти, на БЕГ му се признавале повисоки проценти во сите тие три години. Петров е сепак категоричен дека додека бил на чело на комисијата работел според правилниците, на начин како што работеле сите претходно. Не прецизираше колкави загуби биле признавани во тој период, со образложение дека тој сега е надвор, а сите документи се во комисијата. Остави простор за тоа да утврдат истражните органи, вели и дека е подготвен да соработува. Фактор веќе објави дека овој случај веќе се истражува, а за тоа информација имаше и Бислимовски. Петров негира дека смислено се направила штета на корисниците.

„Како се работело сите претходни години, така се работеше и во годините за кои вие ме прашувате. Не било сменето ништо. Ако има истрага, нека се утврдува, сепак она што е важно е дека сите одлуки се како претходните, тоа е континуитет. За сите енергетски одлуки има методологии, правилници, прво се работи секторски, се разгледува тоа, па доаѓа на дневен ред во Комисијата. Одлуките биле носени принципиелно, на ист принцип за сите. Таков бил правилникот и за Скопје Север и за Елем и за БЕГ. Секогаш сме утврдувале загуби и како било во правилникот така сме се однесувале. Никогаш не било по сопствена волја. Нема акт без позитивно мислење, не било ништо таинствено, вели Петров за Фактор.

Претходно неговиот наследник во разговор за Фактор не зборуваше многу на оваа тема, ама рече дека истрагата треба да утврди како било во претходните години.

„Нека ја анализираат нашата последна одлука од 2018 година за начинот на пресметка на загуби и нека ја споредат со претходните.Има истрага и не би сакал да зборувам. Добар репер е 2018.Ги дадовме сите документи во МВР непријатно ми е да зборувам за претходни мои колеги. Загуби на енергија се пресметуваат на еден начин. За секоја мрежа има загуби. Во секој правилник, не само во Македонија туку и во Европа се кажува дозволен процент на загуби за таа и таа година. Во Македонија за струјата имаме процент кој е одобрен и над тој не може да се оди.  И се пресметува во најголем дел, за топлинска е 12 проценти.Оваа година ние признавме 11,5 проценти, рече Бислимовски.

Топлификација обвини дека има потврда од стручни лица дека штетата со признавањето на поголеми загуби е околу 12, 3 милиони евра. Во сите години од 2013 до 2016 година биле одобрувани загуби поголеми од 12 проценти покрај тоа што така било регулирано во правилникот.

Фактор за ова пишуваше и лани. Тогаш од Регулаторната комисија за енергетика чиј претседател во тоа време беше Петров тврдеа дека при носењето на одлуките за утврдување на регулиран максимален приход за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија на БЕГ се водат од Правилник и дека одобруваат загуби во дистрибутивниот систем на ниво до 12 проценти. Сепак од Топлификација тврдат дека независна истрага потврдила спротивно. Од БЕГ и тогаш тврдеа дека ним не им биле одобрени загуби во дистрибутивната мрежа поголеми од 12 проценти.

Кој е во право ќе докаже истрагата.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?