07 Мај, 2024
0.0235

ПроКредит Банка и ЕБОР со поддршка за подобрување на енергетска ефикасност на домаќинствата во земјата

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

*  Ебор обезбеди 1милиони евра за ПроКредит банка Македонија за енергетска ефикасност

*  Инвестиции во резиденцијалниот сектор за поттикнување на зелената економија и генерирање на заштеди

*  Поддршка од ЕУ, Австрија и Инвестициската Програма за Западен Балкан на ЕБОР (ИПЗБ) преку Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ)

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во Северна Македонија со поддршка од 1 милион евра за Прокредит банка Македонија. Средствата ќе го поддржат подобрувањето на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Прокредит Банка Македонија ќе ги кредитира домаќинставата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Финансирањето на ЕБОР е под  Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ).

Потенцијалните инвестиции ќе вклучат зелени технологии како бојлери, прозорци и осветлување.Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување на изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од €85 милиони, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ) . Имплементацијата  е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €1.9 милијарди во над 118 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата. 


Можеби ќе ве интересира

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет