26 Април, 2024
0.1812

ПроКредит Банка по 14ти пат го поддржува фестивалот на Новиот Германски Филм

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Како единствена Германска банка во Северна Македонија, ПроКредит Банка и оваа година по 14ти пат ја поддржува организацијата на фестивалот на Новиот Германски Филм. Традиционално, веќе 14 години, овој фестивал им ја приближува германската култура и јазик на македонските љубители на филмот и овозможува богатување на репертуарите на филмови во кината низ земјата. Оваа година, фестивалот ќе биде отворен, во четврток, на 2ри Мај со комедијата “100 работи”  која обработува модерна тема за материјалниот свет на денешницата. По отворањето, фестивалот на Новиот германски филм ќе продолжи од 3ти до 6 ти мај во Скопје, со емитување на филмовите во Кино Фросина, а потоа традиционално ќе патува во кино салите ширум земјата: Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

Како и секоја година, така и овој пат, фестивалот нуди разновиден репертуар на современи филмови од Германија, презентирајќи и́ на македонската публика драма, трагикомедија и комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови и дел од нив имаат постигнато огромен успех на светски филмски фестивали, а еден од избраните беше номиниран и во конкуренција за наградата “Златна мечка” на престижниот Берлинале.

За прв пат, оваа година на германскиот филмски фестивалот ќе присуствуваат и претставници од светот на филмот и тоа Хајнц Херманс (Heinz Hermanns), директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“ и Алета вон Фитингхоф (Aletta von Vietinghoff), позната филмска монтажерка од Берлин. Овие експерти ќе имаат предавања и ќе одржат работилници со студентите по  филмска уметност низ земјата.

Прочитајте повеќе за фестивалот на следниов линк http://fngf.mk/demo/

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“