08 Мај, 2024
0.0347

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР нуди кредити за енергетска ефикасност со можност за грант до 20%

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Со поддршка од 1 милион евра од Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР), ПроКредит Банка АД Скопје започна со понуда на кредити за поттикнување на зелени инвестиции и енергетска ефикасност во домаќинствата преку GEFF Програмата.

Кредитите се наменети за граѓани и здруженија за домување кои планираат инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти како што се: инвестиции во нови топлотни или геотермални пумпи, купување на печки/котели на гас или биомаса, прозорци, инсталација на соларни панели, изолација на ѕидови, покрив или подови, инвестиции во колектори за топла вода и слично. Овие инвестиции ќе придонесат за намалување на трошоците за потрошувачка на енергија и ќе ја зголемат удобноста на живот на домаќинствата.

Финансирањето на ЕБОР е под GEFF - Програмата за поддршка за зелена енергија  кои ја одобруваат зелената технологија која придонесува за подобра животна средина. GEFFво Западен Балкан е дел од интернационалната GEFF програма  за финансирање на зелената економија на Европската Банка за Обнова и Развој која обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата со цел намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина и подобрување на квалитетот на живеење.

Со кредитите поддржани преку GEFF програмата, граѓаните остваруваат право за апликација за грант дури до 20% од вкупниот износ на инвестицијата. Сите заинтересирани граѓани кои го реновираат својот дом или градат нова куќа може да одберат некои од 4.000 производи кои се на располагање преку Селекторот на Технологија, онлајн каталогот на сите одобрени технологии од следниов линк.

Прочитајте повеќе за поволните услови за кредитот преку ПроКредит Банка на следниов линк.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“