Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2024
ФОРТОНМКА е партнер на Cushman & Wakefield – најголемата приватна консултантска компанија во секторот на недвижности која не само што ѝ овозможува на компанијата да се носи со барањата на клиентите во над 60 земји, туку ни дава и практично меѓународно искуство, што додава вредност на развојот на проектните активности на клиентите.
ФОРТОНМКА нуди целосен опсег на сеопфатни решенија за комерцијални недвижности. Нашиот тим на консултанти им помага на клиентите во секоја фаза, застапувајќи ги во продавањето, купувањето, финансирањето, изнајмувањето, управувањето и проценувањето на имотот.
Нашиот тим е стручен во стратешко планирање и истражување, анализа на портфолио на недвижен имот, избор на локација и планирање простор, приспособено на специфичните потреби на секој случај на кој работиме.
Водени од потребата да се обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности ќе имаат можност да се сретнат ида разменат знаења и искуства, ФОРТОНМКА ја иницираше првата Конференција за недвжности во 2023 година во Скопје.
300 посетители, 40 говорници, на првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија се слушнаа различни мислења од сите области на индустријата кои го рефлектираа времето во кое живееме, како и предизвиците, оптимизмот или пак очекувањата што се пред нас.
Публиката, како и говорниците беа потврдени експерти во своето поле на работа - повеќето над 20 години искуство, сопственици на компании, менаџери на највисоки позиции, основачите на индустријата за комерцијален недвижен имот не само од Македонија туку и од регионот.
Поттикнати од успехот ја најавуваме втората Конференција за недвижности на 22ри мај во Скопје - DoubleTree by Hilton Skopje! Зошто силно веруваме во моќта на соработката и во најважната движечка сила на индустијата за комерцијален недвижен имот, а тоа се луѓето.
Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, средба лице во лице секогаш е подобра основа за идна комуникација, се одлични настани да се покажете кои сте, да видите и запознате “кој е кој” и често на среден и долг рок се одличен начин за економски придобивки.
Повторно на иста сцена ќе седнат сопственици, претставници на најголемите компании учесници во создавањето на пазарот на недвижности од земјaта и регионот, да разговараат за истите проблеми и да се најде начинот на нивно решавање.
Агенда на панел дискусии:
1. Финансирање на инвестициите во комерцијалeн недвижен имот.
Како финансиските институции реагираат на економската несигурност?
Како банките ја проценуваат профитабилноста на инвестициите во комерцијални недвижности и важноста на финансиските модели.
Пристап до алтернативно финансирање.
2. Урбанизација и урбанистичкопланирање.
Градско урбанистичко планирање низ извонредни пример.Како комерцијалните недвижности го обликуваат пејзажот на градот?
POWERED BY: ГРАНД СКОПЈЕ
3. Инвестиции во хотелски капацитети.
Зошто инвеститорите имаат делумно разбирање и прифаќање на хотелскиот сектор како можност за инвестирање накапиталот?
Подобро да ги разбереме можностите за инвестиции во хотелски капацитети како комерцијален недвижен имот.
4. Бизнис згради.
Не само работно место, туку бизнис модел.
Развивање на бизнис зградите како имоти со стабилни приходи.
5. Сектор малопродажба.
Изградба на различни формати за малопродажба со цел да се одговори на потребите на заедницата. Дали постои совршен микс на закупци за секој формат?
6. Пазар на станбен простор.
Што може да се направи за поодржлив развој на пазарот на станбен простор?
Одговорноста што мора да се сноси.
Голема благодарност до поддржувачите на овогодинешниот настан:
Главен спонзор: Гранд Скопје
Злaтен спонзор:Elena Luka Home
Сребрени спонзори: Халкбанкa АД Скопје, Еуролинк Осигурување, Delight Office Solution, Knauf Macedonia, ZSF KOM, INET. Balfin Real Estate
Ексклузивен медиа партнер: Kapital Media Group
Пријатели на настанот:FAKTORMK, InStore – Macedonia, Inovativnost
Иницирана од:Forton Macedonia
Ко-Организирана од: Kliker Marketing
Регистрирајте се преку нашата веб-страница и обезбедете место на конференцијата https://realestateconference.mk/
22 Мај, 2024
пр објава