Промени на времето се очекуваат следната недела
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019
Утре и задутре времето ќе биде сончево, со претежно облачни периоди.
Температурите викендов ќе се искачат до 30 степени.
Од понеделник се очекува уште потопло време. Во понеделник ќе имаме температури до 32, во вторник до 33 степени, а во среда исто така до 32 степени.Ќе растат дневните температури, но ќе имаме посвежи утра.