02 Мај, 2024
0.0277

ПРОМЕНИ ВО ВРВОТ НА НБРМ: Нов гувернер – иста монетарна политика!?

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Со поддршка на власта и на опозицијата, во Собранието беше изгласан предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, на чело на Народната банка да застане Анита Ангеловска Бежоска. Таа ќе биде и првата жена – гувернерка во историјата на Македонија. Бежоска  го презеде управувањето со монетарната политика, како наследник на Димитар Богов. Дел од економистите велат дека не очекуваат значајни промени во сегашната монетрна политика но и дека се потребни промени.

Стабилна политика без ризик, дали се потребни промени ?

Следните седум години, НБРМ ќе биде предводена од првата жена – гувернер, Анита Ангеловска Бежоска која од мнозинството во парламентот,  беше избрана за прв човек на оваа, со закон дефинирана, независна институција.


Со оглед на тоа што надлежностите и обврските на гувернерот и Народната банка, како задолжена за водење и спроведување на монетраната политика, се стого дефинирани во законските решенија, дел од екномистите што ги консултираше “Фактор“ не очекуваат значајни промени во курсот на досегашните политики.

“Не очекувам никакви промени во монетарната политика, пред се поради фактот што гувернерката целосната сопствена кариера ја градеше во администрацијата на Владата и во рамките на Народната банка,  и од таа причина не очекувам промени. Значи, очекувам стабилен курс на домашната валута  и стабилен банкраски систем. Сегашната позиција утврдена со законите, на гувернерите  им гарантира лагодност, единствено поранешниот гувернер  Сатноевски се бореше со инфлација а екс гувернерот Трпески мораше да ја спроведе операцијата за откуп на долговите на Македонија, како дел од некогашната  ЈУ федерација. Останатите гувернери “пловеа“ во мирни води“ – вели економскиот консултант Горан Рафајловски.

Клучна функција на НБРМ е одржување на ценовната стабилност, со определба на монетраната политика за фиксен курс на денарот, па така во законските решенија се предвидува :  

“Основна цел на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност. Друга цел на Народната банка, која е подредена на основната цел, е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем“.

Сепак, дел од економистите сметаат дека прашањето за флексибилен курс на денарот не треба да биде табу тема.

“Во услови кога најголемите земји преку своите валути, водат меѓусебна исцрпувачка валутна војна, со водење на политика на потценета вредност на својата валута, како би го зголемиле извозот, на тој начин, ние упорно опстојуваме на постојната монетарна стратегија. Науката вели дека монетарната стратегија која ја применуваме откако ќе се постигне ценовна стабилност треба да се замени со некоја друга, зашто долгото нејзино одржување, резултира со “гушење“ на стопанството. Затоа според мене, тешко ќе се остваруваат стапки на извоз , а со тоа и на економски раст од 7-8% со постојната стратегија. Србите велат “живи били па видели“, дали сум јас во право или оние кои се за статус кво политика“ – изјави неодамна во интервју за “Фактор“ универзитетскиот професор и еден од поранешните гувернери, Љубе Трпески.

Не само во политиката на одржување на ценовна стабилност, дел од економистите велат дека се потребни промени и политиките насочени кон банкарскиот сектор.

“Да, сметам дека е  потребна  серозна промена, поцврст став во однос на банкарскиот сектор, кој  заедно со стопанството ја прави економската слика на земјава. Затоа е  потребно Народната банка  да се избори за  подобро  и подолгорочно кредитирање на стопанството,  да спроведе политики кои ќе стимулираат ниски каматни стапки и ќе влијае врз условите за одобруввање на капиталните  кредити“ – вели Рафајловски.

Досегашната монетарна политика беше во насока на одржување на фиксниот кус на денарот, и често беше “критикувана“ од извозниците, според кои, на ваков начин не можат да се изборат  за поголема конкурентност на светските пазари. Сепак одлуките на НБРМ се сметаат за одлуки на институција, чија независност е утврдена со закон.

“Народната банка е независна при постигнувањето на целите и задачите и е одговорна под услови и на начин утврден со овој закон. Народната банка, членовите на Советот на Народната банка и вработените во Народната банка не смеат да примаат и да бараат инструкции од органите на државната власт, органите на општините, органите на градот Скопје и од кои било други правни и/или физички лица“ – се наведува во Законот за НБРМ.

Новата гувернерка наследува стабилен и високо ликвиден банкарски сектор, економија која преброде глобална финасиска криза но и внатрешно политички ризик, сепак земјава ја чекаат пресврти, како членството во НАТО и преговорите за членство во ЕУ, кои ќе бидата знајачни за макроекономската стабилност. 

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?