26 Април, 2024
0.0368

Промоција на книгата „ОбојОбојОбој“ од Јордан Николов во КЦ „Магаза“ во Битола

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Книгата „ОбојОбојОбој“ од авторот Јордан Николов ќе биде промовирана на 26 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во КЦ „Магаза“, Битола. Збирката раскази, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најново прозно остварување на Николов – битолчанец, книжевник и диск-џокеј. Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска, уредничка во „Арс Ламина“. 

Во оваа книга по првпат (колку што му е познато на авторот) се применува методот на Бјордан (Byordan) – техника за одредување просечно времетраење на едно книжевно дело (вредност дефинирана откако бил тестиран примерок од 37 случајно одбрани читатели во различни временски услови, расположенија, периоди од денот, местоположба, замор и исцрпеност од работни обврски или наспани и одморени разгалени студенти, влијанија од кофеин, алкохол или слични стимуланси или отсуство од нив...). Накусо: тоа е времетраењето потребно за едно книжевно дело (во овој случај – расказите) да се прочита во вообичаени, секојдневни околности.
„Замислени како музички секвенции, расказите на Николов брзо прескокнуваат од една тема на друга, меѓутоа никогаш на начин на кој нешто ќе остане недокажано. Напротив, во манир на искусен раскажувач, Николов го исцрпува токму она што е потребно од наративниот објект и го претекува во ефективен наративен фрагмент“, вели Илија Упалевски во освртот кон делото.
По официјалното претставување на книгата, во „Магаза“ ќе следува диџејски настап на авторот Николов. 

Книгата „ОбојОбојОбој“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во КЦ „Магаза“ во Битола.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“