06 Мај, 2024
0.0238

Промоција на македонските винарии во светот

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Министерствотот за земјоделство шумарство и водостопаство на Р.Македонија во соработка со Здужението Вина од Македонија продолжуваат со промоција на македонското вино во светот. Минатата недела одржани се промоции во САД и Сингапур, а на почеток на месец ноември ќе се одржи промоција и во Данска.

Промотивните настани во САД се одржаа во Њујорк, Њуџерси и Чикаго кадеоваа година седум македонски винарници  (Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит) заеднички  ги презентираа своите вина пред дистибутери, увозници, ХОРЕКА и други професионални купувачи на вино на пазарот во САД. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на соратата Вранец, како најголем репрезент на македонките вина, и беше организирана Мастерклас презентација за Вранец кој ја водеше реномираниот вински сомелиер Роџер Бисел.


Промотивните настани се финансиски поддржан и оваа година од МЗШВ преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2018 година. Овие настани во САД кои во континуитет се организираат во последните 6 години придонесоа за постепен влез на пазарот на повеќе македонски винарии и се од особено значење и за градење на препознатливност на македонските вина на овој пазар, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на пазарот..

Пазарот на САД е најголем увозник на интернационални вина кој опфаќа 17.2% од вкупнот увоз на вина во светот со вредност од 6.2 милјарди американски долари, со што е оценет и како еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино и извозот на македонските винарии на овој пазар секоја година повеќекратно расте. Истовремено според податоците за извоз, македонското флаширано вино на овој пазар постигнува најголема извозна просечна цена по единица производ (4.1 Еур за 0.75л) и каде се остварува вкупен девизен прилив до 800.000 евра.


Промотивните настани на македонското вино во Сингапур под слоганот „Богатство од стариот свет“ беа специјално наменети за промоција на македонските вина, каде посетителите имаа можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.

На промоцијата присуствуваа сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за отварање на нови пазари и зголемување на извозот на македонското вино. Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.


Целта на овие промотивни настани е градење препознатливост на македонското вино и остварување контакт со потенцијални увозници и дистрибутери со цел поголем извоз на македонското вино на овие пазари и токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“