12 Мај, 2024
0.0249

Промовираме компании кои вложуваат во едукација на своите вработени

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Rазговараме со Панајотис Колокатис, генерален менаџер во Паркленд Хоспиталити Груп - една од компаниите кои вложуваат во дигиталниот развој на своите вработени.

Како пример за една од најуспешните компании во нашата држава, која има долги години искуство на пазарот, зошто се одлучивте да инвестирате во вработените и да ги запишете на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub?

Колокатис: Како компанија која работи во секторот хотелиерство и угостителство, имаме потреба секогаш да ги следиме и применуваме сите светски дигитални трендови, со цел да останеме на врвот и полесно да наоѓаме нови бизнис можности. Токму тоа што го правевме изминативе 4 години, но со цел да го направиме истото подобро и поефикасно, помошта од врвни професионалци во областа е секогаш добредојдена. Дигиталната маркегинг академија претставуваше одлична можност за нас да си ги прошириме видиците, полесно да ги идентификуваме нашите недостатоци, да се реорганизираме и да ја реетаблираме нашата стратегија, на тој начин подобро наоѓајќи и пристапувајќи до нашите ниши и тоа преку дигиталните канали, кои не само што им помогнаа на нашите вработени да го прават тоа побрзо, поефикасно и технолошки понапредно, туку и за нашите гости да ни пристапат полесно и да ги имаат сите информации достапни на едноставен и покомпактен начин. Тоа е win win ситуација, како за нас така и за нашите клиенти и гости.

Во време на пандемија и значително намален раст и приход на компаниите во целиот свет, па така и кај нас, што мислите дека е најголемиот предизвик за успешно управување со една голема компанија како вашата?

Колокатис: Да се биде секогаш буден и на готовс, никогаш да не се пропуштаат можности и континуирано да се слуша гласот на пазарот. Прилагодувањето на нашата маркетинг стратегија на дигитално напредно ниво беше секако еден од приоритетите. Инвестирањето во нови технологии и алатки беше клучно и неопходно, тоа секогаш се покажува како најдобра опција на долгорочна основа. И што е најважно, одржување на истата страст кон работата, мотивацијата и напорната работа секој ден, бидејќи еден ден, сево ова ќе биде позади нас и нашата цел е нашите клиенти да не препознаваат како долгорочен партнер, а за да го направиме тоа, треба во континуитет да се одржуваме и надградуваме во делот на технолошките трендови, услуги по светски стандарди, know-how и дигитални алатки. Она што сакаме нашите клиенти да го знаат е дека нивната безбедност и добросостојба е секогаш наш врвен приоритет. Инвестирањето во дигиталната стратегија е еден од начините како да ја поддржиме таа констатација.

Со оглед на тоа што сте повеќе од 20 години во хотелската индустрија и угостителството, дали сметате дека веќе сте познати на нашиот пазар и нема потреба да користите дигитален маркетинг?

Колокатис: Одржувањето на вредноста на брендот е многу потешка работа отколку етаблирање на нов бренд. Истото бара многу труд, знаење и пред се добра аналитика и преглед на состојбата. Дигиталното работење е одличен начин за овозможување на потребните податоци, како вовед на она што го викаме персонализиран пристап до секој клиент. Нашата работа не се состои само во тоа да го одржиме брендот, туку и да го зајакнеме дополнително. Како што нашиот тим вели, дигиталното работење го подигна нивото на двонасочна комуникација и ни овозможи зацврстување на релациите со нашите клиенти, овозможувајќи ни да ги слушаме нивните потреби на најсоодветниот начин.

Дали и колку сте задоволни од досегашниот перформанс на вашите вработени кои ги запишавте на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub?

Колокатис: Неспорно е дека тимот ги спроведува дневните активности побрзо, поефикасно и поконтролирано. Сега имаме еден тон можности за да допреме до секој наш клиент на персонализиран начин и со различен пристап, исто така забележавме голем пораст во процентот на испорачани коментари, мислења и пораки од нашите клиенти, непроценлив избор и фидбек кој ни помага да увидиме дали се наоѓаме на вистинскиот пат или е потребно да се смени некој чекор, акција, комуникација или стратегија, правејќи го ова толку многу полесно и подостапно преку новите дигитални алатки.

Паркленд е горд сопственик на многу награди и признанија, помеѓу кои се и наградата за people oriented company во 2019, “the most loved by guests” од Hotels.com добиена неодамна и многу други. Што може да ни препорачате како ваша лична порака, кој е според вас рецептот за долгогодишен успех?

Колокатис: Сите овие награди и признанија ни значат многу, не само како трофеи кои стојат во нашите витрини, туку како потсетник за наследството што го носиме и треба да го надградуваме во иднина. Нашите клиенти и гости се нашата главна мотивација да ја продолжиме нашата успешна приказна и да бидеме уште подобри, но ништо од ова немаше да биде нималку исто без тимот на Паркленд. Вистинскиот одговор е дека клучот позади нашата успешна приказна е имањето на добар квалитетен тим на долги патеки, тим кој ќе знае успешно да се носи со сите пречки, предизвици, паѓања и повторно искачувања, и тоа заеднички-како едно семејство.


Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска