03 Мај, 2024
0.0256

Просечна плата во Шведска е 4500 евра, а како се движат цените за храна и сметки?!

Објавено во: Стил 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Шведска е една од економски најразвиените земји во Европа, и соодветно на тоа просечните плати на тамошното население се големи. Поради тоа и цените на производите се доста поскапи.

Доколку сакате некогаш да се преселите во оваа скандинавска земја, мора да знаете дека голем дел од парите треба да ги издвоите за сметки и храна.

Споредувајќи ги цените на храната во супермаркети во Шведска и Македонија, драстични се разликите на многу производи.

Еве како се движат цените на неколку производи:

Производ Македонија Шведска
Леб 0,31 1,07
Млеко 1l 0,55 0,82
Јајца 10 парчиња 0,80 2,15
Масло 1l 1,01 1,07
Шеќер 1kg 0,61 1,07
Свинско месо 1 kg 2,84 8,52
Пилешко месо1 kg 2,90 6,36
Домат 1 kg 1,54 3,01
Чоколада 100 gr. 0,97 0,99

Драстично поскапи производи во однос на нашите цени се јајцата, свинското месо, доматите, пивото, но и пилешкото месо, додека речиси еднакво чинат млекото, маслото, чоколадите. Единствено што е поскапо од наведените производи кај нас е џусот.

Производ Македонија Шведска
Банани 1 kg 1,22 1,07
Портокали 1 kg 0,81 1,07
Јаболки 1 kg 0,69 1,06
Кока-Кола 1,5 l 0,80 1,82
Џус1 l 1,30 1,07
Пиво 0,5 l 0,36 0,80

 [button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/01/25/shvedska-i-norveshka-imaat-potreba-od-rabotnitsi-eve-kako-da-aplitsirate/" target="blank" ]Шведска и Норвешка имаат потреба од работници-Еве како да аплицирате![/button]