11 Мај, 2024
0.0326

Протест на тутунарите: Килограм тутун се откупува колку една кутија цигари

Објавено во: Економија 06 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Најавија дека ќе протестираат и се собраа да го изразат своето незадоволство - тутунарите од прилепско се револтирани од ниската откупна цена на тутунот годинава. Засега тутунот се откупува по 120 денари за килограм што е значајно пониска цена од ланската. Велат килограм тутун за една кутија цигари. Тоа ги револтира, но се дистанцираат од партии и политички игри. 

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „групата македонски тутунари вели дека ги боли станувањето во 2 часот, целодневната работа. Бараат цената да не биде под 200 денари односно таа да е заштитна.

„Станување во 2 часот, целодневна работа, и сето вреди 100 денари. Се проценува во трета и во четврта класа, а одбитоците се 10 отсто. Луѓето одбиваат да го даваат, не можат да ги покријат ниту сопствените трошоци. Не чини 150, а ни го земаат за 120 денари килограм. Ова не може вака да биде и мора да се крене протест.  Одлучивме самоиницијативно, никакви политички партии зад нас не стојат. Ние сме Македонци, Албанци, Турци, муслимани, Роми, сите националности. Нас никој не не обедини. Не обедини маката. Затоа нема да останеме на ова, мора да се крене гласот, да се слушне. Веќе 20 дена има откуп. Овој период лани се откупија 10 000 тони. Изјавата на министерот за земјоделство дека сега е ковид-криза и е почеток, не е релевантна. Луѓето не носат тутун, одбиваат. За 120 денари го враќаат дома, изјави Мирчески.

Ова е предупредувачки протест. Тутунарите излегоа со механизација и низи тутун.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска