07 Мај, 2024
0.0243

ПРВ ВИКЕНД БЕЗ ПРЕС НА ФИЛИПЧЕ - значи ли дека не „олабавува“ коронавирусот

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче конечно, после подолг период, конечно, реши да земе еден слободен викенд.

Два дена по ред, односно и вчера, а и денека, министерот не одржа прес конференција. Вчера, сепак, тој имаше едно телевизиско интервју, во кое за јавноста одговори на битни прашања кои се однесуваат на пандемијата со коронавирусот. 

Исто така, иако викендов немаше прес, Филипче постојано комуницира со јавноста преку неговата официјална фејсбук страница, каде што, буквално од час во час им ги соопштува на граѓаните сите нови податоци, или информации што се важни за состојбата со коронавирусот.

Откако земјава беше нападната од КОВИД-19, првиот човек на здравството буквално секојдневно одржуваше пресконференции, а кога состојбата беше најмногу критична, тоа го правеше и во саботите и во неделите. Некогаш сам, некогаш и заедно со друг државен функционер или лекар, Филипче ја информираше јавноста за сите значајни новини во врска со коронавирусот, секогаш транспарентно и никогаш не криејќи ги дури и најнепријатните информации - за жртвите од коронавирусот.   

Филипче ќе остане запаметен и како министер кој максимално трпеливо одговара на новинарските прашања, колку и тие да беа остри и непријатни за него или за здравствениот систем во земјава. Никогаш не му се случи да биде испровоциран, ниту пак, некогаш од него можеше да се забележи било каква нервозна реакција. 

Дури и кога мораше да биде дома во самоизолација, по контактот со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Филипче ги одржуваше пресовите од својот дом, од каде што и го координираше здравствениот систем во состојба на коронавирус.

Во петокот Филипче се врати во добропознатиот амбиент, во владиниот прес центар, каде што ја одржа својата редовна прес конференција.

Дали викендов без прес на Филипче прв пат после подолг период значи дека земјава конечно излегува од кризата со коронавирусот, односно дека вирусот стивнува и конечно можеме да се олабавиме од паниката, останува да се види во следниве денови. 

Можеби ќе ве интересира

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик