04 Мај, 2024
0.0254

Прва конференција за е-трговија во Македонија: е-Иднина за е-Македонија

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

 На 26 октомври 2018 г., во Скопје ќе биде организирана првата конференцијаза е-трговија во Македонија, а веќе од првата недела на септември ќе бидат пуштени картите во продажба, и тоа по специјална „early bird“цена.

Под темата„e-Трговија: е-Иднина за е-Македонија!”, овој еднодневен настан на едно место ќе ги поврзе клучните фигури од светот на е-трговијата, кои ќе имаат можност да ги проследат последните и идните трендови на една од најекспанзивните индустрии во светски рамки, како и да ги чујат искуствата и примерите на врвни експерти од областа на  е-трговијата

Конференцијатаќе се фокусира на 4 главни теми: Развој, Плаќања, Достава и Маркетинг, кои ќе бидаторганизирани во 10 главни предавања и 3 интерактивни панел-дискусии,во кои учество ќе земат преку 20 македонски и странски говорници со богато искуство во полето на е-трговијата.  Дел од говорниците и панелистите веќе се потврдени, а меѓу нив се вбројуваат врвни експерти и клучни лица на реномирани домашни и меѓународни компании и организации како Mastercard, Македонски Телеком, оне.Вип, Grouper.mk, Seventh Dimension од Словенија, Царинска управа на РМ, IWM Network, Paket.mk, Bastet Noir итн. На конференцијата, воведно обраќање ќе имаат и г-дин Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, како и г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска, Гувернер на НБРМ.

Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која е прва и единствена асоцијација која се стреми кон инклузивна е-трговија.

„Е-трговијата е наша пасија и ние ги разбираме нашите партнери како никој друг бидејќи ние доаѓаме од бизнис-заедницата. Се соочуваме со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат нашите соработници и нашата мисија е да ги олесниме нашите животи, да го направиме бизнисот побрз, да го олесниме работењето и да ги отстраниме административните оптоварувања во сите полиња, за да можеме сите да растеме и напредуваме заедно. Токму оттука потекна и идејата за организирање на првата конференција за е-трговија и верувам дека со бројните предавања и панели ќе успееме да одговориме на многуте прашања поврзани со е-пазарот“, изјави организаторот на конференцијата, Нина Ангеловска, Ко-основач и главен извршен директор на Grouper.mk и Претседател на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Мисијата на оваа асоцијација е да креира иднина за раст и развој на е-трговијата во Македонија, со главна цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување, вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата.

Оваа конференција е наменета за претприемачи и основачи на компании, економисти, маркетери, претставници од средниот и топ менаџмент и институции од поширокиот екосистем на е-трговијата, при што тие ќе имаат можност да научат за постојниот и иден развој на е-трговијата, како и да слушнат практични совети за оптимизирање на нивното онлајн присуство и подобрување на ефективноста на нивните бизниси.
За повеќе информации: www.ecommerceconference.mk

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото