30 Април, 2024
0.0278

Први рестрикиции би биле забрана на јавни собири: Филипче исклучува карантин во моментов

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Нема потреба од рестрикции и карантини, но ако има значајна промена на епидемиолошката слика првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој потенцира дека веќе беше најавено ограничувањето на јавните собири, што во некои општини може да значи и целосна забрана за нив. 

Во Македонија секојдневно има трицифрен број новозаболени, но доста починати, ама министерот вели дека состојбата се стабилизира. Според него, бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови.

„Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење  на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање