Пукање во Ерусалим, напаѓачите експресно елиминирани
Објавено во: Свет 14 Јули, 2017
Група на напаѓачи отвориле оган од автоматско оружје и пиштол во храмот светата Планина во стариот дел на градот Ерусалим.
При пукањето тројца цивили се ранети, од кои двајца се во критична состојба. Израелската полиција соопшти дека напаѓачите биле веднаш елиминирани и застрелани на лице место.
Местото за молитви во храмот е затворено за посетители. Полицијата врши истрага за мотивите за нападот и не го откри идентитетот на лицата кои пукаа во верниците.