ПУКНА АМБИЦИОЗНИОТ ПРОЕКТ: Се распадна уредот кој ќе собираше ѓубре во Пацификот
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019
Уредот за собирање ѓубре кој требаше да го исчисти Тихиот океан од пластичниот отпад, се распадна меѓу Калифорнија и Хаваите и ќе биде одвлечен на копно поради поправка.
Холандскиот пронаоѓач Бојан Слат, кој го иницираше проектот на чистење на Пацификот, рекол за ЕнБиСи њуз дека уредот со должина од 600 метри ќе се влече 1 300 км до Хаваи.
Ако „Системот за чистење на океанот 001“ таму не може да се поправи, ќе биде ставен на бараж и вратен во почетното пристаниште Алемида во Калифорнија.
Уредот се распаднал како последица на константен ветер и бранови во Пацификот, пренесе АП.
Слат рекол дека е разочаран , но не и обесхрабрен. Ветил дека операцијата ќе продолжи веднаш штом биде можно.