07 Мај, 2024
0.0218

Пушач сте? Неколку совети како да го намалите ризикот од рак на белите дробови

Објавено во: Стил 09 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Ракот на белите дробови е еден од најсмртоносните видови рак воопшто и секоја година од него во светот умираат неверојатни 1,2 милиони луѓе. Главниот проблем се состои во дијагнозата поради незабележителните симптоми во раниот стадиум од болеста. Обично кога ракот ќе се детектира веќе е предоцна.

Можеби ќе ве изненади фактот дека дури 9 од 10 заболени лица од овој вид на рак се пушачи без оглед на честите тврдења дека нема дилеми околу главниот причинител. Според истражувањето од Британскиот Cancer Reasrch UK, 87% од заболените лица со рак на бели дробови во В.Британија се пушачи.

Спин теориите на тутунската индустрија посебно раширени во нашите краишта според кои „мојот дедо пушеше две кутии и живееше 90 години“ во пракса кај 9 од 10 пушачи не е така.

Во Кина која воедно и најголемиот пазар за цигари во светот, е направена студија во период од 2003. до 2010. година при што се направени 4543 тестирања со вкупно 1424 заболени од рак на белите дробови. Кинеските истражувачи од Jiangsu Provincial Center for Disease се бавеле токму со истражување за природно превенирање на овој вид канцер со посебен акцент на пушачите кои главно се жртви од ова заболување.