Путин си го брани „другарот“ Трамп - Има време, ќе се договориме за климатските промени
Објавено во: Свет 02 Јуни, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин не е вознемирен од одлуката на Трамп да ја повлече САД од Парискиот договор за климатски промени со кој требаше да се намали емисијата на јаглероден диоксид и да се спречи раст на температурата од 2 Целзиусови степени во наредните децении.
- Не сакам да му судам на Трамп. Можеби не мораше тоа да го направи бидејќи станува збор за рамковен документ. Но, што е кажано, кажано е и сега треба да се види како понатаму. Не го прочитав соопштението од Трамп, но колку што сфаќам тој сака повторно разгледување на Договорот. Мислам дека не треба да се крева врева туку да се создадат услови за работа, посочи Путин на форумот во Санкт Петербург.
Тој додаде дека Договорот треба да стапи во сила во 2021 година.
- Така да имаме време да се договориме, истакна Путин, додаваќи „Не се секирајте, уживајте“ (Don't worry, be happy).
Рускиот претседател наведе дека климатските промени се еден од клучните проблеми на денешницата.
- Тоа е рамковен доумент, секоја држава сама одлучува, нема обврзувачки точки. САД го ратификуваа Документот, а Русија тоа не го направи и нема да го направи се додека не бидат донесени правила за прераспределба на ресурсите.