РАБОТА ПЕТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Нудат плата до 150.000 долари
Објавено во: Финансии 26 Април, 2018
Богато семејство од Њујорк бара работници, а платата која се нуди е одлична.
Во огласот се бараат двајца работници кои ќе се грижат за куќа од 1.787 метри квадратни. Годишната плата ќе биде од 100.000 до 150.000 долари.
Огласот е објавен на Business Insider преку компанија која бара работници за многу богати семејства кои имаат огромни куќи, приватни авиони и други луксузи.
Двојката која го објави огласот во него наведува дека од работниците се бара да се грижат за нивната голема куќа, да управуваат со неа, а би работеле само 5 дена во неделата. Потребно е да се чисти, готви, пере, надгледува и слично.
Работата не е воопшто лесна како што навидум изгледа. Работните обврски се доста големи имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема куќа. Но, и платата не е за потценување.